Македонскиот музичар Владимир Блажев, попознат како Панчо од дуото ДНК, со стил и доза хумор објасни зошто се повлекува од номинацијата за „Маж на годината“. На својот официјален профил, тој истакна три главни причини за оваа одлука, откако дознал за номинацијата од блиска пријателка.
„Не знаев дека сум номиниран, но ќе си ја откажам номинацијата поради три причини,“ пишува Панчо и додава:
- „Јас не живеам во Северна, туку во МАКЕДОНИЈА и поради тоа би сакал доброволно да се откажам од учеството.“
- „Мислам дека не сум заслужил да бидам помеѓу овие номинирани величини.“
- „Со мојата висина од 168 см, повеќе припаѓам на категоријата мажиња.“
Номинацијата за „Маж на годината“ е организирана за да ги истакне успесите на јавните личности, а покрај Панчо, дел од номинираните се и Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов и други познати имиња.
Фановите го поздравија неговото искрено и хумористично објаснување, а некои дури го предложија како кандидат за титулата „Мажиште со најголема самокритика“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден