Доколку барате брз и вкусен рецепт што ќе ги освои сите, посната штрудла со мак е одличен избор. Подготвувањето трае само 30 минути, а вкусот е неверојатен! Овој рецепт е идеален за време на пости, но може да се ужива и како појадок, ужина или десерт.
Потребни состојки:
За тестото:
- 250–300 г меко брашно
- 10 г свеж квасец
- 1,5 лажица шеќер
- 1 ванилин шеќер
- Прстофат сол
- 125 мл чај од нане
- 75 мл масло
- Изрендана кора од половина лимон
За филот:
- 200 г мелен мак
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици суво грозје
- 2 лажици џем од кајсија
- Малку вода
Подготовка:
- Активирање на квасецот:
Во млак чај растворете го квасецот со лажичка шеќер и малку брашно. Покријте со крпа и оставете го на топло место да надојде. - Правење тесто:
Во сад, измешајте половина од брашното со солта. Додадете шеќер, ванилин шеќер, масло, кора од лимон и надојдениот квасец. Постепено додавајте го останатото брашно и замесете меко тесто. Покријте го тестото со крпа и оставете го да стаса околу 60 минути. - Подготовка на филот:
Во тенџере соединете го млениот мак со шеќерот, сувото грозје и џемот. Додавајте лажица по лажица вода додека не добиете густ намаз. Прокувајте кратко и оставете да се олади. - Обликување штрудла:
Стасаното тесто развлечете го на набрашнета површина во правоаголна форма. Намачкајте го со филот, оставајќи ги рабовите слободни. Преклопете ги страните кон средината и завиткајте го тестото во ролат. - Печење:
Префрлете го ролатот во тава обложена со хартија за печење и оставете го да стаса уште 30 минути. Пред печење, премачкајте го со млака вода. Печете на 180°C додека не зарумени. Ако се препече одозгора, покријте го со алуминиумска фолија и продолжете со печење додека не биде целосно готово.
Оваа посна штрудла ќе стане вашиот омилен рецепт за брзо и лесно слатко уживање. Сервирајте ја со шолја чај за вистинско задоволство.
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден