Војник, се прибира на село облечен целосно во војничка облека.А дедо му не може да му се нарадва:
– Бреј каков јунак! Каков борец! Што е тоа, чедо, што ти виси на појасот?
Внукот гордо:
– Тоа е граната.
– Што прави? Ора ли, сее ли?
– Не дедо, експлодира! Види сега, и го разнел клозетот во дворот со гранатата.
– Каков јунак, да беше жива сега баба ти да те види, многу ќе се гордееше!
– Зошто, дедо? Кога умре баба?
– Сега, во клозетот беше.