Приказната за 12-годишниот Диего Фрако Туркато од Бразил е сведоштво за тоа како добрината и љубовта можат да променат животи. Од тешка сиромаштија и криминал, Диего беше извлечен благодарение на својот учител по виолина, кој не само што го научи да свири, туку му ја всади љубовта кон музиката и животот.
На погребот на својот учител, Диего свиреше на виолина, а солзите што му се слеваа по лицето го обиколија светот преку една фотографија која бразилскиот печат ја нарече „најтрогателна во модерната историја“.
Од сиромаштија до симбол на надеж
Диего израснал во сурови услови, опкружен со сиромаштија и болести. Уште како дете се соочувал со менингитис, но тоа не го спречи да се посвети на музиката. Станал дел од гудачкиот оркестар Афрорег, невладина организација посветена на извлекување деца од криминал и насилство. Неговата посветеност кон музиката го направи симбол на надеж во заедницата.
На својот учител, кој го извлекол од темнината, Диего му беше бескрајно благодарен. Затоа на неговиот погреб свиреше со солзи, изведувајќи го омиленото дело на маестро, изразувајќи љубов и почит што не можат да се опишат со зборови.
This photo was taken of a Brazilian boy (Diego Frazzo Turkato),playing the violin at the funeral of his teacher who rescued him from the environment of poverty and crime in which he lived.
In this image,humanity speaks with the strongest voice in the world.
Pic: Marcos Tristao pic.twitter.com/MkWUd5DcBE
— Awanish Sharan 🇮🇳 (@AwanishSharan) December 19, 2021
Борба со животот и болеста
И покрај тоа што музиката му донесе многу радост, животот на Диего беше исполнет со предизвици. Здравствената состојба му се влошила поради компликации од операција на апендицитис. Подоцна му била дијагностицирана акутна леукемија, а заради ризиците не можел да продолжи со хемотерапија.
Неговата храброст и волја да се бори за животот, и покрај сите тешкотии, остануваат инспирација за сите што ја дознаа неговата приказна.
Наследство на љубов и добрина
Фотографијата од Диего, кој свири со солзи на погребот на својот учител, стана симбол на човештвото. Како што Гете рекол: „Добрината е синџир што ги држи луѓето заедно“. Неговата приказна потсетува дека љубовта и вниманието што ги даваме на другите можат да променат животи.
Иако Диего повеќе не е со нас, неговото наследство продолжува да инспирира. Неговата музика, солзи и животната приказна сведочат за моќта на љубовта, добрината и храброста. Вечна слава на малиот музичар чие големо срце допре милиони!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден