Францускиот репрезентативец Лука Карабатиќ зборува за тековниот успех на „триколорите“ на Светското првенство, но и за прогресот на македонската репрезентација.
Во изјава за Gol.mk, тој ги пофали своите соиграчи за максималниот ангажман против Холандија и ја истакна важноста на секој натпревар.
„Ниедна победа на Мундијалот не е лесна, сите екипи се борат со срце. Македонија покажува огромен напредок – млада, квалитетна и енергична екипа што игра одличен ракомет. Сите љубители на ракометот можат да го видат тоа. Нивниот лидер, Кирил Лазаров, е вистинска икона со своето искуство и трофеи,“ изјави Карабатиќ.
Последниот натпревар од групната фаза, Франција ќе го одигра против Македонија на 25 јануари во 20:30 часот. Карабатиќ предупредува дека овој дуел нема да биде едноставен и очекува голема борба на теренот. Македонија е подготвена да се наметне против еден од најголемите фаворити на турнирот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден