во ,

Кание изгуби 20 милиони долари поради Бианка Ченсори

Кание Вест наводно изгуби договор вреден 20 милиони долари за два концерти на Токио Доум во Јапонија, закажани за мај.

Според Daily Mail, сопругата на раперот, Бианка Ченсори, предизвикала контроверзи на Греми 2025 со нејзиниот проѕирен, кожен тоалет, што предизвикало загриженост кај инвеститорите во Азија.

Инсајдери откриваат дека овој потег на Вест бил дочекан со остри критики во Јапонија, земја со сосема поинаква култура од САД.

Настапот на Ченсори и Вест на Греми му донесе загуба од 20 милиони долари, бидејќи инвеститорите ги откажаа концертите во Јапонија

Бианка Ченсори на Греми

На настанот, Ченсори се појавила во впечатлив црн крзнен капут, кој подоцна го соблекла по „наредба“ на Вест, оставајќи ја буквално гола пред објективите.

Ченсори без капут

Според извештаите, целиот настап бил маркетиншки трик за промоција на брендот Yeezy и за привлекување медиумско внимание преку контроверзи.

Кание Вест и Бианка Ченсори

Но, наместо успех, Вест се соочи со огромни последици. Јапонските инвеститори веднаш ги повлекоа своите вложувања, загрижени дека настанот ќе го навреди тамошниот аудиториум.

Јапонска публика реагира

„Јапонија доживува културна револуција во однос на правата на жените и #MeToo движењето овде е многу силно“, изјавил извор за медиумите.

„Она што тој го направи се смета за чин на присилна контрола, што е целосно неприфатливо. Целосно погрешно ја процени Јапонија.“

Скандалот доби уште поголеми размери, бидејќи се случи за време на добротворен настан за жртвите на пожарите во Лос Анџелес

Греми настан за жртвите на пожарите

Според медиумите, реакциите не биле ограничени само на Јапонија – американските соработници на Вест биле бесни поради моментот во кој се случил овој настап.

Реакции во САД

„Да направиш ваков циркус на добротворен настан, додека луѓето страдаат, е непростлива глупост и невиден цинизам“, изјавил еден од инсајдерите.

„Ова е огромен неуспех, но Кание во моментов мисли само на својата криптовалута и изгледа како сè друго да го минува покрај него.“

Кание Вест скандал

На социјалните мрежи, Јапонија доби пофалби за нивниот став против Вест:

„Барем една нација на планетава не го толерира ваквото однесување“, напишал еден корисник.

„Требаше да ги исфрлат од Греми, да ги уапсат и жестоко казнат. Браво, Јапонија – нека следат и другите!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 „Проклети слики“ без контекст што може да ве натераат да се запрашате за некои работи

25 Фотографии од животни што се спротивставуваат на луѓето