во , , ,

Речиси секој жител на овој грчки остров ДОЖИВУВА СТОТА ГОДИНА И НЕ Е ДЕМЕНТЕН: Тврдат дека тајната е во 4 БИЛКИ кои редовно ги користат, а кои растат и во Македонија

За Сините зони, односно регионите во светот каде што живеат најдолговечните жители, многумина имаат слушнато. Станува збор за Окинава, Сардинија, Лома Линда, Никоја и Икарија, места каде што е вообичаено да се видат групи луѓе постари од 100 години, а ги откри Ден Батнер, познат истражувач и репортер на National Geographic.

Сините зони се најздравите места на планетата, а од наброените грчкиот остров Икарија дополнително се истакна и како место во кое стапките на деменција се импресивно ниски. Батнер во подкастот “Live Well Be Well”, посветен на здравјето, истакна дека жителите на Икарија во просек живеат околу осум години подолго од Американците, со речиси никакви случаи на тешка деменција.

Тајната која овие жители на грчкиот остров ги става надвор од вообичаениот просек се крие во комбинација од добри прехранбени навики, движење, социјална поврзаност и длабоко вкоренет начин на живот кој, се чини, овие жители ги штити од когнитивно пропаѓање.

Медитеранска исхрана

Исхраната на ова население е засилена верзија на медитеранскиот режим, во која жителите посебно консумираат растителна храна, маслиново масло и умерена количина црвено вино, додека јадат многу помалку риба и месо.

Меѓутоа, жителите на Икарија исто така се издвојуваат по тоа што во храната додаваат билки како што се синап, цикорија, анасон и радич, а многу од нив, истакнува Батнер, се често занемарени во западните диети.

Патем, радичот содржи дури десет пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино. Богат е со полифеноли, флавоноиди, антоцијани и витамин Ц, кои имаат силни антиоксидативни својства. Исто така, содржи инулин, кој го поддржува имунитетот.

Темните сорти на радич, како што е црвениот, имаат уште повеќе антиоксиданси поради поголемата содржина на антоцијани. Од друга страна, црвеното вино е богато со полифеноли, посебно ресвератрол и флавоноиди, меѓутоа, поради процесот на ферментација и филтрација, содржината на антиоксиданси може да биде помала во споредба со зеленчук како споменатиот радич.

Чај и кафе како заштитници на когнитивното здравје

Освен тоа, жителите на овој грчки остров кој се сместил на стрмен терен среде Егејското Море се големи обожаватели на два напитоци поврзани со понизок ризик од деменција.

Билен чај: Во Икарија редовно се консумираат чаеви направени од локално одгледувани билки како што се оригано, глуварче, жалфија и рузмарин.

Овие билки имаат силни антиинфламаторни својства и делуваат како благи диуретици, природно намалувајќи го крвниот притисок. Воедно, тоа се клучни фактори во зачувување на здравјето на мозокот. Студија од 2023 година откри дека редовните консументи на чај имаат 29 проценти помал ризик од деменција.

Кафе: Освен чај, овие луѓе се познати љубители на кафе. Студија од 2010 година покажа дека пиењето три до пет шолји кафе дневно во средни години го намалува ризикот од деменција за 65 проценти во подоцнежниот живот.

Слично на тоа, студија од 2021 година откри дека лицата кои секојдневно пијат и чај и кафе имаат 30 проценти понизок ризик од мозочен удар и деменција во споредба со оние кои не консумираат ниту едно, пренесува Živim.hr.

Не заборавајте на движење и добро друштво

Покрај исхраната и напитоците за импресивна долговечност, жителите на овој грчки остров никако не ги изоставуваат секојдневните активности кои вклучуваат одење, градинарство и рачна работа.

Исто така, одржуваат силни социјални врски често собирајќи пријатели и семејство, а познато е дека тие се поврзани со пониски нивоа на осаменост и депресија, значајни фактори за развој на ризик од деменција.

За да стареете поздраво, обидете се во својата рутина да ги интегрирате следните принципи на жителите на овој грчки остров:

– Збогатете ја исхраната со хранливи, диви билки и мешунки.

– Вклучете билни чаеви, како глуварче или жалфија, во својата дневна рутина.

– Умерено консумирајте кафе како дел од здрав начин на живот.

– Занимавајте се со природни активности како движење во текот на денот.

– Негувајте силни социјални врски за зачувување на менталното здравје.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

“Дадов 10.000 евра за ОПЕРАЦИЈА НА НОС”: Пластичен хирург направи РЕМЕК ДЕЛО, луѓето гледаат слики ПРЕД И ПОТОА и не веруваат

11 Неверојатни приказни кои ќе ве натераат да се запрашате: Дали ова е воопшто можно?!