Бројни славни ѕвезди се собраа во неделата на забавата по доделувањето на BAFTA наградите, која ја организираше британски Vogue. На црвениот тепих блесна актерката и манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли која во предизвикувачко издание ја покажа својата витка линија.
Роузи Хатингтон- Вајтли носеше црн трико со крзно и црни најлонки. Освен што покажа завидна фигура, ги нагласи и своите долги нозе. Комбинацијата ја надополни со црни штикли и едноставен накит.
Роузи, која неодамна се врати на модната писта по 10 години, се одлучи за едноставна, но ефектна шминка, како и за едноставна фризура која денес е хит меѓу жените.
Инаку, Роузи е веќе 16 години во врска со славниот актер Џејсон Стејтам, а заедно добија две деца. Се верија во 2016 година, а манекенката ја откри веридбата на доделувањето на Златните глобуси. Иако се верени веќе речиси 10 години, парот не брза со брак. Како што претходно изјавија извори за Daily Mail, парот се согласува околу тоа дека не треба уште да се венчаат.
“Нивната љубов еден кон друг и кон нивните деца е неверојатно охрабрувачка и нешто на што нивните пријатели се угледаат”, рекоа извори и додадоа дека парот еден ден ќе се венча, но дека не брзаат.