во ,

Памела, нашминкај се, личиш на бабичка на 57 години!”: Памела Андерсон во бело и без грам шминка – триумф или катастрофа?

Памела Андерсон блесна синоќа на 31-то доделување на SAG наградите во Лос Анџелес. Беше без шминка, со дискретен сјај на усните, а трендот „без шминка“ кој го следи подолго време предизвикува поделени реакции, од воодушевување до критики.

Холивудската ѕвезда Памела Андерсон не само што го следи трендот „без шминка“, туку и упорно со месеци наназад носи бела облека на црвениот тепих, па така беше и синоќа на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес.

Нејзиниот целосно природен изглед е контраст на моментално водечките трендови во светот на убавината, а нејзиниот пример на појавување без шминка на гала свечености е сѐ уште многу, многу редок во Холивуд. Останатите ѕвезди главно само повремено се појавуваат во јавноста без шминка, а потоа се враќаат на „полираниот“ изглед.

Памела одлучи да не се шминка за црвениот тепих по смртта на својата шминкерка, а и за да ја прифати својата природност. „Секоја чест“, гласи една група коментари, но критичарите знаат да возвратат прилично остро: „Жено, нашминкај се, личиш неугледно и како бабичка, а имаш само 57 години“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тајната на низите од исти броеви: Што ви порачуваат ангелите преку часовникот, телефонот и улиците

Дали е ОПАСНО ДА СЕ КОРИСТИ ОМЕКНУВАЧ кога се пере облека за бебиња: На една работа мора посебно да внимавате, а ако не сте сигурни – направете го овој тест