во ,

Што е мит, а што вистина? Еве колку пати сонуваме во текот на ноќта

Дали се сеќавате на вашите соништа? Дали е тоа знак за добар или лош сон? Откријте ја мистеријата на соништата! Колку пати сонуваме во текот на ноќта, зошто ги забораваме и што велат научниците за оваа фасцинантна појава? Нурнете во светот на потсвеста и дознајте ги тајните на соништата!

Луѓето кои се интровертни и насочени кон себе ги паметат соништата, додека екстровертните паметат само нешто од своите соништа, утврдиле истражувачите.

Реклама

Скоро сите сонуваат. Се верува дека сонувањето помага во решавање на проблеми, консолидација на меморијата и регулирање на емоциите.

Мит е дека сеќавањето на соништата е знак за цврст сон. Сонуваме четири до пет пати во текот на ноќта, но не се сеќаваме на сите свои соништа бидејќи сме ги „преспале“.

Заборавањето на соништата се смета за потполно нормално, кога е здравјето во прашање, како нормална функција на мозокот. Паметиме само дел од своите соништа, а дури и тие исчезнуваат ако не се обидеме да ги запомниме.

Зошто и кога сонуваме?

Сонувањето обично се случува за време на РЕМ сон, што може да се случи повеќе пати во текот на ноќта. Оваа фаза на сон се карактеризира со брзо движење на очите (што значи РЕМ), зголемено движење на телото и побрзо дишење.

– Дали се сеќаваат или не, сите луѓе сонуваат додека спијат. Тоа е есенцијална функција на човечкиот мозок, а ја има и кај повеќето видови – рекол д-р Алекс Димитрију, основач на клиниката “Менло Парк Psychiatry & Sleep Medicine”.

Истражувањето на соништата е широко и сложено поле, а сонувањето може да биде тешко да се проучува во лабораторија. Тоа е делумно затоа што активноста на мозокот не може да ни каже ништо за содржината на соништата, па во истражувањата акцентот се става на субјективните извештаи на луѓето.

Зошто често ги забораваме соништата?

Ако некогаш сте се разбудиле од сон кој брзо сте го заборавиле, тоа веројатно често ќе се повторува.

– За време на РЕМ фазата на сон, мозочната активност изгледа слично како кога нашиот мозок е буден, а областите на мозокот со кои паметиме и кои се задолжени за сеќавањата се релативно деактивирани – истакнал Дидре Берет, истражувач на соништа во Харвардската медицинска школа и автор на книги за соништа.

Областите на краткотрајна меморија се активни за време на РЕМ сон, но тие остануваат во нашите сеќавања само околу 30 секунди.

– За да се сетите на сон, треба да се разбудите од РЕМ фаза. Ако продолжите да спиете, преминувате во следната фаза на сон и тука исчезнуваат сеќавањата на нашите соништа. РЕМ сонот се јавува на секои 90 минути и се продолжува како што одминува ноќта. Првиот РЕМ циклус на ноќта обично трае само неколку минути, но до крајот на осумчасовниот сон, лицето обично е во РЕМ фаза добри 20 минути – истакнал Берет.

Важна улога во паметењето на соништата има должината на сонот. Тие последни часови спиење се најважни за соништата. Некои луѓе се сеќаваат на последниот сон во текот на ноќта, непосредно пред будењето.

Според мета-анализа на студии кои се занимавале со соништата, наведуваат дека жените имаат тенденција да паметат повеќе соништа од мажите.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тага во “Гранд”: Почина Саша Поповиќ – музичката легенда не издржа!

Кети Пери: Вселенска авантура со женска екипа на ракетата на Џеф Безос – Blue Origin 2025