Директорот на “Гранд”, Саша Поповиќ денес почина на 70-годишна возраст.
Саша Поповиќ почина по тешка болест, а соопштението за јавноста го пренесуваме во целост:
Со неизмерна тага ја известуваме јавноста дека денес, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција.
Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
Низ децении работа беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.
Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат вечно преку песните, уметниците, емисиите и сè што создаде. Заоставштината што ја остави е немерлива и го обележа времето во кое живееше.
Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек, сопруг и татко, кој својата најголема среќа ја наоѓаше во кругот на најблиските. Во брак со Сузана, со која делеше години љубов и поддршка, ги одгледуваше децата Александра и Даниел, на кои им беше неизмерна поддршка и потпора.
Неговата харизма, неуморен труд и страст кон музиката и телевизијата ќе остават вечна трага. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку сите кои имаа привилегија да работат со него и преку сите оние чии животи ги допре.
Информации за комеморација и погреб ќе бидат дополнително соопштени.
Тој извесно време од тешката болест се лекуваше во Париз.