во , ,

Саша Поповиќ – приказна која не ја знаете: Што сакаше да биде познатиот директор на “Гранд”?

Зад успехот на “Гранд” се крие приказна за еден човек со многу таленти и неостварени соништа! Откријте ја помалку познатата страна на Саша Поповиќ – од фудбалер на младинскиот тим на Војводина, до директор на најголемата музичка продукција на Балканот! Што сакаше да биде Саша Поповиќ кога беше мал и зошто музиката победи?

Директорот на “Гранд”, Саша Поповиќ почина по тешка болест оваа сабота на 70-годишна возраст.

Реклама

Директорот на “Гранд”, Саша Поповиќ, е роден 1954 година во Нови Сад. Детството го поминал скромно, во парохиски дом покрај Николаевската црква, заедно со баба, дедо, родители и постара сестра.

Малку е познато дека Саша посетувал музичко училиште, под влијание на неговиот музикален татко Константин. Татко му го наговорил и да се запише во гимназија во Нови Сад. Иако на почеток се срамел да музицира пред другарите, професорката го открила неговиот талент. Потоа Саша ја засакал музиката уште повеќе.

Меѓутоа, освен големата љубов кон музиката, Саша го обожавал и фудбалот. Ова го потврдил во разговор за “Блиц”.

Мојот дедо и сите негови браќа биле свештеници во новосадските цркви. Имав прекрасно, безгрижно детство. Во голема црковна куќа живееше нашето семејство и семејството на мојот вујко. Покрај нас беше угостителско училиште кое во дворот имаше спортско игралиште. Штом ќе станев, излегував со топка на терен. Жонглирав бескрајно, по пет илјади пати ја удирав топката да не падне на земја.
Играв фудбал во пионерите на Војводина и моја животна желба беше да бидам фудбалер, како Шеки, кој беше врвен забавувач на теренот со неговите финти. Интересно е што се запишав во гимназија, првенствено бидејќи моите родители сакаа да ја завршам и да бидам правник, односно адвокат. Одев во музичко училиште, кое не го сакав. Другарите ме задеваа: “Еј, гледај го, оди да свири хармоника, а ние одиме на журка”.

Саша Поповиќ

Исто така, во една прилика за своите почетоци зборувал и за “Информер”.

Следниот ден донесов хармоника во училиште и отсвирив неколку песни. Професорката ме пофали, па сите нејзини колеги бараа да свирам и на нивните часови. И другарите беа воодушевени. Од тогаш секаде со себе носев инструмент и го засакав! Но, веќе на 17 години морав да бирам дали ќе продолжам да тренирам фудбал или да се занимавам со музика. Ја избрав музиката.

Саша Поповиќ

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кети Пери: Вселенска авантура со женска екипа на ракетата на Џеф Безос – Blue Origin 2025

Гостивар: 200.000 евра загубени во измама за фотоволтаици