Жител на Гостивар остана без значителна сума на пари, откако падна во замка на меѓународна измама поврзана со изградба на фотоволтаични централи.
Според информациите од МВР, 58-годишен гостиварец пријавил во СВР Тетово дека е измамен за 200.000 евра од страна на Е.И.Ј.(47) од Нигерија, Б.А.(45) и Л.Ј., двајцата од Литванија. Контактите биле воспоставени преку Љ.С.(58) од липковско село.
Во текот на 2023 година, оштетениот уплатил 200.000 евра на сметки во Хрватска, Шпанија и Германија, со договорена инвестиција за изградба на фотоволтаични централи. Според договорот, странските државјани требало да инвестираат 50 милиони евра во заедничкиот проект. Сепак, тие не ги исполниле своите обврски, а подоцна било откриено дека договорите не се заверени на нотар, што укажува на измама.
МВР интензивно работи на расчистување на овој случај.