Лепа Брена со трогателни зборови се прости од Саша Поповиќ. Срцето ѝ е скршено, а болката – неизмерна.
Лепа Брена и Саша Поповиќ беа пријатели со децении. Нивната соработка започна во „Слатки грех“. Сега, Брена сподели заедничка фотографија од 80-тите години и со емотивни зборови се прости од Поповиќ.
– Драги мој Сале… По толку години пријателство, соработка, патувања, турнеи, заеднички проекти, семејни дружења… Тешко е да се најдат зборови кои можат да ја ублажат болката од твоето рано заминување. Од самиот почеток на нашата творечка и креативна работа, твојата енергија нѐ водеше, твојата визија имаше вистински пат и остави трага во историјата. Сѐ што правеше и создаваше, го правеше со полно и искрено срце. Ти го најде својот вечен мир, а ние кои те сакавме и почитувавме спознавме нова димензија на душевна болка. Почивај во мир. Твоја Беки – напиша таа со скршено срце.
Да потсетиме, и синот на Брена, Виктор, се прости од Саша на својот Инстаграм профил.
Не сакаше да биде погребан во Алеја на заслужни граѓани
Како што дознава „Блиц“, Саша Поповиќ не сакал да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани.
– Саша не сакаше да го погребаат во Алејата на заслужни граѓани. Зедоа семејна гробница. Сакаше еден ден и Сузана да биде покрај него, а семејството ја почитуваше неговата волја. Во четврток ќе се одржи погребот на Бежанијските гробишта – изјави извор близок до семејството.