Ријалити ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер се најде на мета на критики поради своето однесување зад сцената на 97-то доделување на Оскарите во Холивуд. Дечкото ја запозна со ЛЕГЕНДАРЕН ПЕЈАЧ, а нејзиниот потег ги РАЗБЕСНИ ЛУЃЕТО!
За време на една рекламна пауза, нејзиното момче, актерот Тимоти Шаламе, срдечно го прегрна легендарниот Сер Елтон Џон во Долби театарот, а потоа го сврте кон Кајли за да ги запознае. Меѓутоа, наместо да стане и да го поздрави 77-годишниот музичар, Џенер остана да седи во првиот ред, подавајќи му рака, која тој џентлменски ја бакна.
„О, не, не, не – се станува кога те поздравува Сер Елтон Џон!“, коментираше корисничка на Инстаграм за однесувањето на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе.
Социјалните мрежи се вжештија од коментари на незадоволни корисници. „Парите не можат да купат манири ниту почит,“ напиша @marmealy, додека @mscakes2013 додаде: „Тоа е Сер Елтон Џон. Кога тој те поздравува, стануваш од почит и пристојност“, „Можеби таа и не знае кој е Елтон Џон, не би ме чудело. Боже Тимоти, со кого си се тоа сплеткал?“
Посебно е впечатливо што Кајли без проблем стануваше во својот провокативен црн фустан од брендот „Миу Миу“ за да ги поздрави Моника Барбаро и Ел Фенинг, актерките од филмот „A Complete Unknown“, во кој главната улога ја толкува нејзиното момче Тимоти. Исто така, беше видена како стои додека разговара со актерот Едвард Нортон и неговата сопруга Шона Робертсон.
Ова, меѓутоа, не ги спречи Кајли и Тимоти да разменуваат страстни бакнежи додека споменатиот брачен пар ги набљудуваше. Иако сѐ уште не се официјално појавени на црвениот тепих како пар, Тимоти гордо прошета со својата мајка, Никол Флендер.
Дечкото ѝ остана без Оскар
Тимоти и Кајли се познаваат уште од 2019 година, кога се сретнаа во ресторанот „Нобу Малибу“, но официјално започнаа врска во април 2023 година. Пред Кајли, актерот беше во врски со актерките Лили-Роуз Деп, Ејза Гонсалес и Лурд Леон, ќерката на Мадона.
Шаламе, кој на Оскарите носеше прилагодено жолто одело од брендот „Живанши“, на крајот остана без награда – статуетката за најдобар актер ја освои Адриен Броди за улогата во филмот „The Brutalist“. Сепак, Тимоти веќе собра низа признанија за својата интерпретација на Боб Дилан, вклучувајќи награди од Здружението на актери (САГ), Готам награда, Бостон Society of Film Critics и многу други.
Од друга страна, Елтон Џон и Бренди Карлајл не успеаја да освојат Оскар за најдобра оригинална песна – нивната нумера „Never Too Late“ од документарецот на „Дизни+“ загуби од песната „El Mal“ од филмот „Емилија Перез“.