во ,

„Ќе минете низ пеколот“: Трамп се закани на секој што ќе нападне компанија на Маск и си купи нова Tesla

Претходниот ден компанијата го имаше најголемиот еднодневен пад во последни четири и пол години.

Насилството врз претставништвата на Tesla ќе се смета за домашен тероризам и сторителите ќе „минат низ пеколот“. Ова го изјави претседателот на САД Доналд Трамп во знак на поддршка за неговиот сојузник Илон Маск, пренесува Reuters.

Акциите на производителот на автомобили затворија со речиси 4% раст во вторникот, закрепнувајќи се од најголемиот еднодневен пад во последни четири и пол години претходниот ден, откако претседателот се појави со Маск во Белата куќа за да си избере нова Tesla.

Реклама

Доналд Трамп си купи Tesla.

Активисти неодамна организираа т.н. Tesla Takedown протести, за да го изразат своето незадоволство од улогата на Маск во големите кратења на федералните службеници по наредба на Трамп и поништувањето на договори кои финансираат хуманитарни програми ширум светот. Маск, најбогатиот човек на светот, го предводи Одделот за владина ефикасност (DOGE) на администрацијата на Трамп.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тајната е откриена: Дали бојата на кожата на Лилибет и Арчи е причината за бегството на Меган и Хари од кралството?

Бомба од Германија: Дали Меркел ја криеше вистината за потеклото на COVID-19?