во ,

Путин изненади со појавување во Курск и нареди: „Конечно да го поразиме непријателот!“

Рускиот претседател Владимир Путин ненадејно се појави во регионот Курск, поставувајќи јасна цел пред воените сили – да ги поразат украинските војници стационирани таму во најбрз можен рок, објави руската државна новинска агенција Тасс.

„Наша примарна задача во блиска иднина е да го скршиме отпорот на непријателот кој се утврдил на територијата на Курската област и активно дејствува овде“, изјави рускиот претседател на состанок одржан во еден од командните центри во пограничната зона.

Путин исто така предложи формирање на безбедносна зона по должината на државната граница.

Купи Маица

Тој ги нарече „терористи“ противничките сили во Курската област, истакнувајќи дека заробените борци треба да се третираат согласно нивниот статус.

„Странските платеници не се опфатени со Конвенцијата за воени затвореници“, потенцираше Путин, но додаде дека и покрај тоа, кон нив треба да се постапува хумано.

„Убеден сум дека сите борбени задачи што стојат пред нашите единици ќе бидат успешно извршени“, самоуверено заклучи Путин.

Командантот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, го информираше Путин дека руските сили ослободиле повеќе од 1.100 квадратни километри во пограничниот регион Курск. Тој прецизираше дека во последните пет дена се ослободени 24 населени места и 259 квадратни километри територија. Герасимов исто така напомена дека во одредени области, руските сили ја преминале границата и навлегле во украинската област Суми.

Според Герасимов, „украинските сили во Курската област се целосно опколени и изолирани“, а „нивното систематско уништување е во тек“. Тој исто така тврдеше дека 430 украински војници се предале на руските сили.

Руски извори претходно соопштија дека за само еден ден биле ослободени пет населени места.

Под руска контрола вчера беше вратен и градот Суџа.

Масовната офанзива на украинските вооружени сили врз Курската област започна на 6 август 2024 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историски пресврт? Украина подготвена за прекин на огнот, сега на потег е Русија!

„Најубавата жена во светот“ задржана на аеродром – не личела на себе од пасошот