Најмалку 50 лица загинаа во пожар. Пожарот избувна во дискотека во Кочани. Тоа се случи ноќеска за време на концерт на позната група.
Според неофицијални информации, пожарот избувнал околу 3 часот. Причина е употреба на пиротехнички средства на концертот. На концертот присуствувале околу 1.500 луѓе.
Повредените веднаш се префрлени во болниците во Кочани и Штип.
На Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега се донесени 27 повредени лица.
Над 100 млади луѓе се повредени. Ова се првичните информации од екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.
Сите надлежни служби се на терен. Вклучен е и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани.
„Бројот на жртви и повредени се утврдува. Сè уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, соопштија од Јавното обвинителство.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден