Музичари и јавни личности се простуваат на социјалните мрежи од трагично загинатите членови на бендот ДНК. Тие го загубија животот во пожарот во дискотеката во Кочани. Меѓу жртвите е и фронтменот на групата, Андреј Горгиески.
Пејачката Тамара Тодевска напиша емотивна порака:
„Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те разбере! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевка и лудачкиот хумор. Патувај и пеј таму горе. Бескрајно ќе ми недостигаш.“
Антонија Гиговска, која пееше пратечки вокали во една од песните на ДНК, додаде:
„Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир, добар човеку. Пеј како што знаеше – најгласно, најубаво. Таму горе. Не сакам да верувам…“
Телевизиската водителка Лила Филиповска исто така сподели потресна порака:
„Куме мој… Навикната сум со години да споделувам нови песни и спотови на ДНК. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна вест. Кога ми ја пушти песната ‘Ако утре ме нема’, ти реков дека многу ми се допаѓа, а не ни сонував дека токму таа песна ќе ти ја предвиди судбината… Тебе веќе те нема, но само физички – во срцата на оние кои те сакаат ќе бидеш засекогаш.“
Пејачот Огнен Здравковски напиша:
„Почивајте во мир, драги мои другари, пријатели, колеги… Ќе се сретнеме, ќе се дружиме, ќе пееме и свириме заедно, таму горе, на подобро место. Многу ќе ми недостигате… Искрено сочувство до семејствата.“
Глумицата Весна Петрушевска напиша:
„Приказните за љубовта се состојат од ‘здраво’ и ‘збогум’, сè додека повторно не се сретнеме. Вие бевте ангели и на земјата, чест ми е што ве познавав и живеев во ваше време. Сара, Андреј, Џоко и Филип…“
Во трагичната несреќа во Кочани животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, вонреден професор м-р Сара Пројковска, пратечки вокал, како и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорѓи Ѓоргиев.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден