во ,

„Бог ме спаси“: Лепа Лукиќ откри зошто ѝ е драго што нема дете

Пејачката Лепа Лукиќ важи за некој што отворено зборува за сè.

Лепа Лукиќ

Лепа Лукиќ истакна дека нејзина неостварена желба е да стане мајка. Но, од друга страна, ѝ е драго што нема дете. Како што рече, не знае какво „немирно дете“ би родила.

Пејачката Лепа Лукиќ е позната по тоа што отворено зборува за сè. За неа не е проблем да каже колку години има, што не е случај со нејзините колешки.

„Не ги криеме моите години, зошто да ги криеме? Не ги чувствувам моите години додека пеам. Некој со овие години седи во четири ѕида, јас не сум таква. Тешко ми паѓа кога ќе помислам дека ќе седам во четири ѕида“, започна Лепа, па откри која е нејзината неостварена желба:

„Врапчињата знаат која е мојата неостварена желба, мајчинството. Бог ме спаси, кој знае какво немирно дете ќе родев. Сè останато остварив, дури и Златниот микрофон го добив 5 пати. Добив и повелба од Министерството за култура, нема награда што не сум ја добила“, истакна пејачката за медиумите.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рита Ора за бракот со 15 години постариот режисер: Тој е мој најдобар пријател!

Чудесен напиток на позната РУСКА ДОКТОРКА: Се пие 30 дена, ги чисти цревата и спречува болести!