во ,

Откриен еден од сопствениците на дискотеката во Кочани: Лиценцата била лажна!

Од МВР соопштија дека дискотеката работела со фалсификувана лиценца.

Дејан Јованов – Деко е еден од сопствениците на дискотеката „Пулс“. Во неа загинаа 59 лица.

Реклама

Како што објави “Радио Лидер”, тој имал и други бизниси и компании.

„Дел од осомничените се во болница. Четири лица се обезбедени во болница. Тоа се два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице. Дел од приведените во полициска станица имаат директна вина за овој кривично правен настан. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот. Имаме сомнеж дека има директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен и сегашен раководител на еден сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата. Дел од приведените се организатори, дел се обезбедување, дел биле вклучени во други активности“, изјави министерот Панче Тошковски на прес-конференција.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Елена Ристеска низ солзи се прости од колегите: „Не можам да престанам да плачам, Андреј, не се договоривме така…“

„Говориме различно, но чувствуваме исто!“: Тетово се солидаризира со Кочани!