во ,

Тони Зен со силна порака: „Не ни е до песна кога Македонија тагува“

Поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, раперите Слаткаристика и Тони Зен донесоа одлука да го одложат својот заеднички концерт закажан за 5 април во Скопје.

Концертот, насловен „Спушти се доле“, ќе се одржи на 11 октомври во салата „Борис Трајковски“.

Во заедничката изјава, тие емотивно порачаа:

„Не ни е до песна, не ни е до сцена, не ни е до светло, не ни е до микрофон. Ова што се случи ја скина душата на целата нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така. Затоа, заедно со ‘Прагма’ решивме концертот да го презакажеме за 11 октомври. Ќе дојде време за музика, за глас, за сила. Ама, сега само молк. И почит.“

Нивната реакција е уште еден доказ за тоа како уметниците чувствуваат должност да стојат покрај народот и во моменти на тага да покажат емпатија и солидарност. Фановите ја поздравија одлуката со разбирање и поддршка, а концертот во октомври се очекува да добие уште поголемо значење.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почит кон легендата: МКЦ може да го носи името на трагично загинатиот Андреј од „ДНК“

ДРАМАТИЧНА ПРОГНОЗА НА ЗЕЛЕНСКИ: „Путин наскоро ќе умре, тоа е ФАКТ!“