во ,

Морничаво: Русите го гранатираа Харков, фудбалерите панично бегаа од бомби покрај теренот!

Руската армија изврши напад со беспилотни летала врз Харков. Сѐ се случи во ноќта меѓу среда и четврток. Драматично беше и на спортските терени.

Во вториот по големина град во Украина повредени се девет лица. Направена е сериозна материјална штета, пренесува „Ројтерс“.

Морничава снимка се појави на социјалните мрежи. На неа се гледа како фудбалери бегаат од терен. Тоа се случува во моментот кога бомбите почнуваат да паѓаат околу нив.

Играчите со голема брзина се обидоа да го напуштат теренот. Сепак, не знаеја каде е најбезбедно за нив во тој момент. Некои легнаа на тревата за да си го спасат животот.

На снимката, во позадина, се гледа и експлозија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАМАТИЧНА ПРОГНОЗА НА ЗЕЛЕНСКИ: „Путин наскоро ќе умре, тоа е ФАКТ!“

Марија Шерифовиќ ГИ СПАКУВА КУФЕРИТЕ, ЈА НАПУШТИ СРБИЈА: Сите да ме оставите на мира!