во ,

„СТАОРЦИ КАКО МАЧКИ“ ВО БИРМИНГЕМ: Градот ТОНЕ во 17.000 ТОНИ ЃУБРЕ поради ШТРАЈК!

Огромни количини ѓубре се натрупаа низ Бирмингем, Англија. Според проценките, станува збор за околу 17.000 тони отпад. Причината е долготрајниот штрајк на комуналните служби.

Жителите се жалат на неподнослива смрдеа. Уште позагрижувачка е појавата на стаорци „големи колку мачки“. Ова го објавија британските медиуми, вклучително и „Мирор“.

Штрајкот на комуналните работници започна уште на 11 март. Бидејќи сè уште трае, ѓубрето од кесите е разнесено по улиците. Ова доведе до голема наезда на стаорци кои бараат храна.

Купи Маица

Поради сериозната загриженост за јавното здравје, градските власти реагираа. Во понеделникот (21 април) прогласија вонреден инцидент. Ангажирани се и работници од агенција. Тие треба да помогнат во собирањето на огромните количини ѓубре.

На социјалните мрежи се појавија и вознемирувачки снимки. На една од нив се гледа како стаорци ги бркаат комуналните работници. Ова се случува додека тие се обидуваат да го соберат отпадот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Епидемијата се шири во регионот: По Словачка, Лигавка и Шап потврдена и во Унгарија – се затвораат граници!