во , ,

ПАРЕН ИЛИ НЕПАРЕН БРОЈ ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што велат обичаите!

Велигден е празник на радоста и надежта, а еден од најубавите обичаи кои го следат е бојадисувањето на велигденски јајца.

Традиционално, првото јајце се бојадисува црвено, симболизирајќи ја Христовата крв и радоста на пролетта, и се чува како „чувар на куќата“ до следниот Велигден, со верување дека ќе го штити домот и семејството.

Купи Маица

Интересно е што според некои стари верувања, треба да се обојат точно 33 јајца, колку што години имал Исус Христос кога бил распнат. Меѓутоа, ова правило денес ретко се почитува.

Што се однесува до прашањето дали треба да се фарбаат парен или непарен број јајца, нема конкретно правило кое важи за сите.

Овој обичај варира во зависност од регионот и локалните традиции. Некои сметаат дека треба да биде непарен број, додека други не придаваат значење на тоа.

Важно е да се напомене дека јајцата кои ќе пукнат за време на варењето или боењето сепак се бројат. Во суштина, нема строга пропишана норма за тоа колку јајца треба да се обојат и дали нивниот број треба да биде парен или непарен.

Најважно е празникот да се прослави со радост и во кругот на семејството.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗИМА ВО АПРИЛ: Сибирски студ и снег ја зафаќаат Македонија утре!

ПОНЕДЕЛНИК Е БЛАГОВЕЦ: Зошто овој ден се смета за голем празник?