Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува добри вести за македонските граѓани и економија во врска со царините што САД ги воведе за увоз на производи од Македонија.
Тој нагласи дека комуникацијата со американската влада е континуирана.
„На дневна основа работат тимови, и телефонски се слушаме. Очекувам многу скоро денеска убави вести за македонските граѓани и македонската економија“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека Владата на Македонија и институциите на САД се во постојан контакт, вклучувајќи ги министерствата за економија и финансии, Стејт Департментот и кабинетот на претседателот Доналд Трамп.
Мицкоски исто така информираше дека министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, остварил кратка средба со американскиот државен секретар, при што една од клучните теми била токму ова прашање.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно оваа недела воведе нови царини за увоз од 180 земји, меѓу кои и Македонија, со тарифна стапка од 33 отсто за македонските производи.
Владата на Македонија по објавувањето на овие мерки изрази уверување дека одлуката на САД нема да има значително влијание врз домашната економија и дека веќе се работи на план за надминување на ситуацијата, апелирајќи да нема паника или избрзани реакции.
Според официјалните податоци, трговската размена меѓу Македонија и САД во текот на минатата година изнесувала 314 милиони американски долари, од кои извозот од Македонија достигнал 118 милиони долари.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден