На својот спектакуларен концерт одржан во Врање, Србија, српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ приреди изненадување за една од своите најверни обожавателки.
За време на настапот, Цеца истакна знаме со симболот од Кутлеш, гест кој беше насочен кон млада Македонка присутна во публиката.
Концертот во Врање беше поддржан и од македонскиот пејач Мики Секуловски, кој својата популарност ја стекна во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Во еден момент од концертот, Цеца го забележала знамето кое го веела девојка од публиката. Таа побарала да ѝ го дадат, по што гордо го развиори на сцената. Станува збор за Македонка која живее во Соединетите Американски Држави и која редовно ги следи концертите на Цеца ширум светот.
„Оваа песна ја посветувам на девојката во публика, која со свои другарки ме следи насекаде низ светот, каде и да одам. Не знам досега колку ја чини ова, но тоа е љубов! Бакнеж од мене до посебната девојка и нејзините другарки“
…порача Светлана Цеца Ражнатовиќ од сцената, изразувајќи ја својата благодарност кон нејзините лојални фанови.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден