во ,

„На синовите им дадов СÈ, а кога се разболев НЕ ДОЈДОА ДА МЕ ПОСЕТАТ. Им напишав писмо и ги замолив ДА НЕ ДОЈДАТ НА МОЈОТ ПОГРЕБ“

Многумина велат дека мајката е суштество најслично на Бог и дека никој не е во состојба ниту да сака, ниту да се жртвува, ниту да прости како што може таа. Но, децата често не умеат да ја возвратат таа љубов на вистински начин. Ќе се свртат и ќе си одат, оставајќи го болниот родител сам да се грижи за себе и да се прашува каде згрешил во воспитувањето.

„Никогаш не барав многу од животот. Мојот свет беа моите синови. Од денот кога се родија, дишев само за нив. Сè што имав, сè што бев – ним им давав. Бев мајка – онака како што верував дека треба да бидам. Не ми беше тешко да работам по две работи, да ги прескокнувам своите оброци за тие да имаат сè што ќе посакаат. Не знаеја за скапи работи, но знаеја за топла супа, испрани кошули, прегратка кога е тешко.

Купи Маица

Нивниот татко нè напушти рано, па сама го носев тој товар. Никогаш не им кажав ниту еден лош збор за него. Верував дека животот ќе им врати ако ги учам да бидат чесни и добри луѓе. И навистина – животот им врати. Завршија училишта, заминаа во странство, застанаа на нозе. Успешни, вработени, свои луѓе. И горда бев, и тоа како. Само, некако со времето останав сама.

На почетокот често се јавуваа. Видео повици, пораки, праќаа слики од внуците. Потоа сè поретко. За празници ќе седев покрај телефонот, гледајќи во екранот како да ќе ги повикам со мисли. Понекогаш ќе стигнеше порака: „Заборавив, извини мамо.“ Потоа ни тоа.

„Живеев за моите синови“

А јас и понатаму живеев за нив. Ја чистев куќата како утре да ќе дојдат. Сарми, колачи – сè што сакаа кога беа мали. Никогаш не престанав да ги чекам. Години.

А потоа, еден ден, ми се слоши. Сама повикав Брза помош. Никој да ме однесе, никој да ме дочека. Докторите ме сместија во болница. Лежев таму, опкружена со луѓе кои не ги познавам, гледајќи во плафонот, обидувајќи се да сфатам каде згрешив.

Три недели поминав во болница. Ниту еднаш не дојдоа. Ниту еднаш не се јавија. Само стигна повик од еден адвокат – моите синови сакаат да ја продадат куќата. Мојата куќа. Домот во кој пораснаа, каде што им испаднаа првите запчиња, каде што научија да возат велосипед, каде што како мали ми шепотеа тајни.

Рекоа дека им требаат пари за да купат поголема куќа „таму“, бидејќи семејството расте. Ниту прашаа како сум. Не рекоа: „Мамо, ти треба ли нешто?“ Само ги бараа документите.

„Само ги бараа документите за да ја продадат куќата“

Тогаш првпат во животот почувствував дека сум вистински сама. И беше болно, не затоа што немав никого, туку затоа што цел живот верував дека ги имам нив.

Таа ноќ, во болничката соба, со слабиот ноќен звук на апаратите и тишината меѓу ѕидовите, зедов хартија и молив. Напишав писмо. Едноставно, кратко.

Драги деца, ако некогаш посакате да дојдете – немојте. На мојот погреб немојте да доаѓате. Погребете ме таму каде што нема да се чувствувате виновни. Не затоа што ве мразам, зашто не умеам да ве мразам вас. Туку затоа што не сакам повеќе никогаш да стојам пред вас и да бидам ви невидлива.“

Тоа писмо остана кај адвокатот. Не знам дали некогаш ќе го прочитаат. И не е ни важно. Важно е што конечно сфатив: не треба да се жртвуваш до крај ако љубовта не ти се враќа. Важно е да научиш да се сакаш себеси, макар и во последните денови.

Живеев за нив. Сега живеам за да си простам што заборавив на себе, пишува Стил.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРГОВСКА ВОЈНА СО КИНА: Трамп ги зголеми царините на 125%, а за другите земји следува олеснување!

Црни вести од Доминиканската Република: Бројот на жртвите од уривањето на кровот во ноќниот клуб расте