во ,

ЗАКОНОТ Е ЈАСЕН: Кланица од Струмица ќе плати 2.400 евра за испуштање крв во река!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парична казна од 2.400 евра на кланица во Струмица поради незаконско испуштање на крв од заклани животни во река.

Инспекторите на АХВ веднаш извршија вонреден надзор по дојава објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

Купи Маица

При контролата е констатирано дека кланицата постапила спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло, поконкретно членот 18 од Законот за нуспроизводи од животинско потекло. За сторениот прекршок, операторот на кланицата е казнет со 2.000 евра, а одговорното лице со дополнителни 400 евра.

Од АХВ информираат дека е наредено строго почитување на законските процедури за отстранување на нуспроизводи од животинско потекло од категорија 3, во кои спаѓа и крвта од здрави животни заклани во кланица. Според законските прописи, крвта мора да биде одвоена и собрана на посебно место пред да биде отстранета на соодветен начин.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Црни вести од Доминиканската Република: Бројот на жртвите од уривањето на кровот во ноќниот клуб расте

„Одбиј и Ќе Бидеш Мртов“: Како Албанската Мафија Владее со Еквадорскиот Кокаин!