Прославениот кошаркар Никола Јокиќ ја запознал љубовта на својот живот уште во школските денови. Тоа е неговата сегашна сопруга Наталија. Таа му роди две деца и денес му е најголема поддршка.
Но, малкумина знаат дека нивната љубов за малку ќе го чинела кариера. Јокиќ своевремено сакал да се откаже од кошарката токму поради неа. Оваа приказна ја откри неговиот покоен тренер.
Имено, само два месеци откако почнале врска, Наталија заминала на школување. Отишла да студира психологија во Америка. Се запишала на Метрополитен Стејт универзитетот.
Никола Јокиќ многу тешко го поднел нејзиното заминување. Неговиот тогашен тренер во Мега Баскет, покојниот Дејан Милојевиќ, раскажа за тој период. Во емисија на РТС посветена на Јокиќ, Милојевиќ откри дека Никола сакал да стави крај на кариерата.
„Имав и лоши натпревари… Не знам, ќе се случи нешто, нема да ти оди… Не можеш ни да трчаш, ништо… а малку и не сакаш, и кога сето тоа ќе се спои, бидува катастрофа“, раскажувал и самиот Јокиќ во емисијата, присетувајќи се на тешките моменти.
„Деки, веќе не ми се игра кошарка“
Милојевиќ се присетил на клучниот момент кога Јокиќ му се доверил. „Едноставно, имаше тежок момент“, раскажува Милојевиќ во документарецот. „Неговата сегашна сопруга Наталија замина за Америка и нему едноставно не му се играше.“
„Тој во еден момент на тренинг ми рече: ’Деки, мене веќе не ми се игра кошарка’“, откри Милојевиќ. „Тоа ми беше шок. Се обидов да му објаснам. Сфатив што е причината. Не беше дека не ја сака играта или дека му здодеало – не.“
„Едноставно, емотивно беше празен. На тоа се надоврза нејзиното заминување на студии. Него тоа доста го погоди“, објаснил тренерот. „Ми требаше време да го вратам, главата повторно да му биде на тренинг“, заклучил покојниот Милојевиќ.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден