во ,

Иџе со нова кацига за сезоната 2025: Македонска гордост и почит кон Легендата

Игор Иџе Стефановски, најуспешниот македонски автомобилист и миленик на македонската спортска публика, ја претстави својата нова, спектакуларна кацига за претстојната тркачка сезона во 2025 година.

Дизајнот на кацигата е впечатлив спој на националните бои и симболи на Македонија со суптилна, но моќна посвета кон легендарниот возач на Формула 1, Аиртон Сена.

Купи Маица

Тој веднаш привлече огромен број позитивни реакции кај фановите.

„Нов шлем за нови победи“,

„Многу среќа со новата кацига братко, да редиш многу успеси во иднина“,

„За многу години, браво и поздрав“

„Со здравје да си го носиш и само победи“

се само дел од коментарите со кои публиката му посака успех и многу освоени подиуми на Стефановски во следните трки.

Со овој потег, Иџе уште еднаш ја покажува својата почит кон великаните на авто-мото спортот, додека истовремено гордо ја истакнува македонската спортска гордост и пасијата која го движи кон нови успеси и титули на светската сцена.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

САМО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ОСТАНА ВО ПРИТВОР? Контроверзни барања на Обвинителството во случајот „Пулс“!

Солидарност што трогнува: Бугарски ученици со голема донација за настраданите во Кочани