во

РОДИТЕЛИ !!!

Двајца брачни другари добиле дете. Пораснало детенцето, добиле и де…војче. Во текот на растењето на децата, биле соочени со исклучителната мака како правилно да ги научат децата што е важно во ЖИВОТОТ. Така секојдневните расправии и надмудрувања меѓу мајката и таткото еден ден ги довела во мачна ситуација, кога на еден подолг момент останале во мачна тишина немајќи што понатака да разговараат.
Таткото му се обратил на Бог:
– О, Боже! Те молам, помогни ни.
Седнал Бог наспроти нив, благо ги погледнал и им рекол:
– Прашајте… што ве интересира ?
– Како родител, кои животни поуки ти би сакал да ги научат твоите деца ?- прашала мајката.
Бог им одговорил:
* Да научат дека никого не можат да го присилат да ги САКА… Можат само да САКААТ.
* Да научат дека не е највредно она што го поседуваат … туку Кои се, во ЖИВОТОТ.
* Да научат дека не е најбогат човек оној кој најмногу има… туку оној на кој најмалку му треба.
* Да научат дека е доволно само неколку секунди длабоко да го повредат некого… а потоа се потребни години да го излечат.
* Да научат дека не треба да се споредуваат… секогаш ќе има подобри и полоши од нив.
* Да научат да бараат прошка, така што први ќе простуваат.
* Да научат да ги препознаваат луѓето кои навистина и искрено ги САКААТ… но тоа не знаат да го кажат нити покажат.
* Да научат дека со пари може да се купи се, освен СРЕЌА и ЉУБОВ.
* Да научат дека двајца можат да гледаат една иста работа, а да ја гледаат различно.
* Да научат дека вистински пријател е некој кој знае се за нив, но сепак ги САКА.
* Да научат дека не е секогаш доволно другите да им простат, мораат и сами да си простат себе си.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најубав момент

Богат сиромав или сиромашен богаташ?