во ,

“Доколку добијам единица, се гледаме на суд во Стразбур”: Оваа пресмешна писмена задача ги “запали” социјалните мрежи

Писмената задача на еден основец стана хит на социјалните мрежи и не’ потсети на училишните денови, на оние убавите но и помалку убавите.

Корисниците на социјалните мрежи со гордост го споделуваат и коментираат, а текстот оди вака:

“Како го поминав летниот распуст – никој не треба да го интересира. Ова е моја лична работа, како што е и летото – мое лично време за одмор и не морам за тоа да поднесувам извештај во овој состав.

Треба да се почитуваат човековите права! Доколку добијам единица за ова, тогаш драга моја наставничка, се гледаме на Судот за човекови права во Стразбур.

Ќе добиете повик од нив, а јас веќе ќе бидам таму во врска со друга работа која е исто така моја лична работа и никој не треба да го интересира”, стои во текстот кој искрено ги насмеа корисниците на социјалните мрежи.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 карти со кои географијата ќе ви стане многу интересна

30 Познати фаци претворени во цртани ликови