Овие трогателни фотографии го опфаќаат моментот кога 83-годишен старец го гушнува своето единствено преживеано домашно милениче, додека плаче над изгорените остатоци од неговиот дом.
Али Меше, од провинцијата Орду во регионот на Црното Море во Турција, ја запалил куќата откако се обидел да ја запали печката на дрва со бензин.
Додека гледал како сè што создавал и сакал исчезнува пред него, тој пронашол утеха во прегрнувањето на неговото маче.
Соседите ги повикале пожарникарите откако забележале дека од неговата куќа излегува голем чад. Али се обидувал да готви на печката, но бидејќи ставил бензин печката експлодирала. За среќа Али и неговото семејство и една од нивните мачки преживеале со мали повреди.
Али отсекогаш многу ги сакал мачките и неколку живееле со него за време на трагедијата. Но, само едно маче успеало да преживее. Пензионерот, исто така, ги загубил речиси сите негови кокошки во пожарот.
Али бил пренесен во болница за лекување на неговите помали изгореници. Кога излегол од болницата тој бил повторно обединет со неговата сакана мачка. Неразделниот пар изгледал прилично среќно откако повторно се обединиле по нивната ужасна трагедија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден