во

Instagram воведува нови правила: Нема повеќе снимање екрани на приватни пораки

Instagram објави дека наскоро ќе спречи корисниците да прават „скриншотови“ или да снимаат екран од фотографии и видеа испратени преку приватни пораки, особено содржини пратени преку опциите „види еднаш“ или „дозволи повторно гледање“. Овој чекор е дел од нови мерки за безбедност, насочени кон заштита на младите корисници.

Со оваа нова функција, корисниците повеќе нема да мора да се грижат дека нивните приватни фотографии или видеа ќе бидат зачувани без нивна дозвола. Оваа безбедносна функција ќе биде достапна и на веб верзијата на Instagram, за да се спречат злоупотреби преку компјутерите.

Покрај тоа, Instagram воведува и дополнителни мерки за заштита, како што се филтри за заматување на содржини што содржат голотија, придружени со предупредувања за потенцијалните последици од споделувањето таков материјал. Ова е одговор на зголемениот број на случаи на сексторција, особено меѓу помладата популација.

Една од новините е и воведувањето на „Тинјџерски налози“, каде што профилите на корисниците под 16 години ќе бидат под надзор на родителите. Децата под 13 години ќе можат да комуницираат само со профили што веќе ги следат. Instagram исто така ќе го ограничи офанзивниот содржај во пребарувањата, коментарите и известувањата, а функцијата „sleep mode“ ќе го намали бројот на нотификации помеѓу 22:00 и 07:00 часот, овозможувајќи им на младите да имаат мирен сон.

Британскиот Ofcom ги пофали овие нови мерки, но нагласи дека Meta мора да направи уште повеќе за да ги заштити своите корисници, особено децата, во согласност со новиот Закон за онлајн безбедност.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жељко Бебек колабирал на сцената – двапати паднал за време на концерт

Дарио се враќа на Макфест по 26 години