во , ,

Мажите и грипот – „Умираме, молете се за нас“

Никој од нас не ги сака грипот и настинките, но очигледно е дека мажите се посебна категорија. Ова е една од омилените теми на социјалните медиуми во овој временски период од годината, со многу добра причина.

Мажите едноставно се однесуваат како да се пред умирачка и како никој пред нив воопшто да не бил настинат и не ја почувствувал „грипозната“ голгота на сопствената кожа.

Ви пренесуваме само дел од објавите на жените кои искрено споделуваат како изгледаат нивните мажи кога имаат грип:

„Мојот маж има грип… со други зборови тој умира. Ова е многу тежок период за сите нас. Молете се“.

„Јас сум бремена во деветтиот месец. Маж ми е настинат. Погодете кој се жали повеќе?“

„Маж ми има грип. Знам, бидејќи не прави ништо освен што се жали последните 2 часа без престан. Ако грипот не го убие, би можела јас“.

  • Кога мажот е болен:
  • – Направи ми супа (*кивнува).
  • – Спие по цел ден.
  • Кога јас сум болна:
  • – Што има за вечера?
  • – А да го зачистевме подрумот?

Мојот маж не е денеска на работа, бидејќи е настинат. Се чувствувам како да имам 1.000 бебиња.

Маж ми има грип, па наредните 5-7 дена ќе ми изгледаат како епизода од „Grey’s Anatomy“.

И јас и маж ми имаме грип. Единствената разлика е тоа што јас ја чистам кујната, а тој умира.

Мојот сопруг не е ниту болен повеќе, а ние сè уште разговараме колку многу бил болен пред неколку недели.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За сите оние кои секојдневно водат војни со класичните директори и шефови…

Разговараат тројца човекојадци…