Младиот Јован Костадинов од Виница се истакна како вистински херој за време на пожарот во Кочани, спасувајќи многумина од пламените јазици.
Меѓу нив беше и неговата другарка Јелена Арменска од Берово, која не крие дека му го должи животот.
„На почетокот мислев дека има тепачка, но кога видов црн чад, сфатив дека гори. Не бев сам, имаше и други храбри луѓе кои помагаа. Таа вечер беше ужасна, како од хорор филм“,
изјави Јован за МИА, додавајќи дека во тие моменти не размислувал за себе, туку само како да помогне.
Јелена, која исто така беше повредена во пожарот, со благодарност се сеќава на Јован: „Се спасив благодарение на Јован. Господ не заборави – јас и моите две другарки сме живи и здрави. Имаше херои насекаде – пожарникари, полиција, обезбедување, сите помагаа“.
По првичната хоспитализација во Скопје, Јелена беше префрлена на лекување во болницата „Ла Паз“ во Шпанија, каде помина една недела. „Беше страшно таму, имаше многу млади луѓе со пластични операции“, се сеќава таа на тешките моменти.
Поддршката за Јован пристигнува и од други страни. Компанијата „Зегин“, чиј сопственик потекнува од Малешевијата, одлучи да му ја покрие станарината во Скопје, каде што Јован планира да ги продолжи студиите.
Во оваа трагедија која остави длабока рана, храброста и човечноста на младиот Јован Костадинов светат како пример за вистинско херојство – она кое не бара униформа, туку големо срце.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден