Oтишол министерот за здравство во контрола во болницата во Охрид. Влегува во болничка соба, гледа чисто, пријатна температура, светло. Во собата тројца пациенти.
Министерот оди кај првиот и прашува од што бил болен, каква е негата, храната …
– Ме оперираа од кила. Ќе ме отпуштат за четири дена. Храната е добра. Болничарите секојдневно ни менуваат постелнина.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Не, не, сè е добро.
Вториот кажува:
– Ме оперираа од хемороиди. Ќе ме отпуштат за три дена. Сè е добро. Сестрите внимателни, редовно ни мерат температура, ни даваат терапија.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Не, не, сè е добро.
Министерот оди кај третиот:
– Како се чувствувате Вие?
– Добар сум, излегвам за два дена. Ме оперисаја од крајници. Сè е добро.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Добро е, имам една молба ако мојт, ама да не се сватит дека нешчо пребарувам – едвај збори пациентот.
– Да, да повели!
– Ама да не се сватит дека нешто не ми е како што треба…
– Да, да, кажи!
– Ако можит мојов кревет да го клајте најблизу до вратана!
– Зошто?
– Ами, кога идат докторон на сабајле почвит да прегледвит по ред пациенти од вратана па наваму. Ќе го фатит првион за јајца, на вторион ќе му ги пикнит прстите в газот, и најкрај ќе ми ја пикнит мене раката в уста. Ако мојт да ме преклајте до вратана, знам ушче два дена ми останаја, ама да не се сватит дека нешчо пребарвам!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден