Езерото Хонгзе последен пат древниот град на хоризонтот го покажал во текот на педесеттите години на минатиот век.
Фатаморгана се појавила над источниот дел од кинеското езеро Хонгзе во неделата на 4-ти август во околу 15 часот и 40 минути. Мистериозната снимка ја забележал фотографот Чен Каи кој ги снимил бродовите кога забележал дека на хоризонтот се појавиле прастарите кинески градби. Непосредно пред снимката врнело дожд и загадениот воздух се прочистил, а Чен планирал да го фотофрафира заоѓањето на сонцето покасно истиот тој ден. Луѓето од тамошниот музеј изјавиле дека прастариот град се појавувал во текот на педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Појавата и тогаш, но и сега траела околу половина час.
Станува збор за атмосферска и оптичка појава која настанува поради прекршување на светлината во атмосферата на различни температури. Тогаш настанува целосно одбивање на светлината. Поради тоа на пример планините и островите изгледаат како да се издигнати во височина и одвоени од површината на земјата, предметите се гледаат искривени, двојни, тројни и така натаму. Постојат два вида на фатаморгана: долна и горна.
Прекршување во атмосферата се случува само тогаш кога во атмосферата зракот од светлина преминува од слој со поголема кон слој со помала густина на воздухот, а аголот на паѓање е поголем од аголот на целосната рефлексија.
Фатаморгана е појава која најчесто може да ја забележите на автопатите во текот на летото кога ви се чини дека во далечините гледате вода на патот.
Иако многумина ќе кажат дека на хоризонтот се преплетуваат крошните од дрвјата кои изгледаат како објекти, сепак коментарите на Кинезите исто така го спомнуваат и легендарниот град кој постоел на крајбрежјето на езерото пред повеќе од илјада години. Чудно е што оваа сцена последен пат била забележана пред повеќе од 50 години.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден