во , ,

Samsung Galaxy S21 Ultra на Caviar од 77 илјади долари!

Компанијата Caviar според кинескиот календар ја прославува Годината на волот со специјално украсен Galaxy S21 Ultra кој ќе се продава по астрономска цена.

Годината на волот беше инспирацијата за дизајнот на новиот паметен телефон на Samsung кој на задната страна доби златна глава од ова животно која доаѓа со прстен од 24-каратно злато. Прстенот минува низ носот на волот и е подвижен, а очите на животното се направени од два природни дијаманти.

Caviar планира да направи само 21 примерок на овој телефон, а секој телефон ќе се продава по цена почнувајќи од 20 илјади долари.

Од компанијата соопштија дека ќе постои и посебна Golden Line линија со позлатена задна страна и гравирана текстура. Исто така, телефонот може да биде изработен и од карбонски влакна или кожа од алигатор.

Врвот на понудата ќе биде Golden 21 чиј заден панел ќе биде изработен од 18-каратно злато и го има изгравирано бројот 21 кој се однесува на годината и на ознаката на моделот. Во продажба ќе се најде само еден ваков уникатен примерок кој ќе чини вртоглави 77,230 долари.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Катастрофални тетоважи на лице кои стануваат вечни потсетници за тотален животен фејл

8 Знаци дека поминале повеќе години е веќе не сте девојка туку „тетка“