во ,

Си имала некоја баба тројца зетовци…

Си имала некоја баба тројца зетовци и решила да ги тестира кој колку ја сака и почитува.
Излегла на прошетка со најстариот, поминувале покрај една река и бабата скокнала да се дави.
Зетот без размислување, веднаш скокнал и ја спасил.
Следното утро пред вратата го чекал нов Форд Фокус со порака
„Ти благодарам зете ми го спаси животот.
“Твојата Баба“.

Потоа бабата излегла на прошетка со средниот зет.
Иста шема, бабата скокнала во реката, зетот скокнал и и го спасил животот.
Наредното утро пред вратата го чекала нова Опел Корса со порака
„Ти благодарам зете ми го спаси животот.
“Твојата Баба“.

На крај бабата излегла на прошетка со најмладиот зет.
Поминале покрај реката и бабата скокнала да се дави.
Зетот се подзамислил: „На првиот му купи Фокус, на вториот Корса, значи мене ќе ми купи некоја евтина кинеска кола, нека се дави.“
И си тргнал накај дома.
Нaредното утро пред вратата го чекал нов Мерцедес со порака
„Ти благодарам зете ми го спаси животот”
“Твојот Дедо“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чисто да се знае…

Пратил Дракула три лилјака да пијат крв…