во , ,

Како успевате да имате одличен крвен притисок и да бидете во одлична форма, а имате 80 години?

Дошол старец кај доктор на преглед. Докторот, по прегледот му вели: „Во одлична форма сте. Како успевате да имате одличен крвен притисок и да бидете во одлична форма, а имате 80 години?”

Старецот му одговара: „Лесно… Станувам рано, пред зора… Ловам пауни по цел ден и тоа ме држи во форма.“

Докторот: „Ловите пауни? Не… Тоа не е причина за вашето одлично здравје. Мора да е наследно. Колку години имал вашиот татко кога починал?“

Старецот зачудено му одговара: „Кој каже дека татко ми е мртов?“

Докторот: „Сакате да ми кажете дека татко ви е жив? Колку години има?“

Старецот: „Па, има 99 години. Баш утрово беше со мене на лов. Тоа и него го држи во форма.“

Докторот: „Аха, разбирам… Сепак, тоа не е причина. Колку години имал вашиот дедо тогаш кога починал?“

Старецот, налутен: „Кој рече дека е мртов? Дедо ми има 118 години!“

Докторот фрустриран на тоа кажува: „И претпоставувам дека и тој со вас дошол на лов на пауни?“

Старецот: „Не, не… Тој утрово не можеше да дојде со нас во лов бидејќи се подготвува за свадба.“

Докторот: „Зошто сега сака да се ожени? На 118 години?“

Старецот: „Не, тој не сака баш, ама родителите му вршат страшен притисок…“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брутално искрен кардиохирург : “Три дена пред смрт, доаѓаат и прашуваат како здраво да живеат – најдобро посипи се со песок и почни да се навикнуваш на земја”

Ивица е неженет, живее со својот татко и работи во фамилијарната фирма…