во ,

3-те правила на мажот и брилијантниот одговор на неговата жена

Новопечен сопруг решил да ѝ постави три кратки правила на својата сопруга, а на неговите правила и таа возвратила со прилично интересен одговор.

Еден ден сопругот решил да ѝ се обрати на својата сопруга и да и наведе три правила кои ќе важат во нивниот брак.

„Драга, сега сме во брачна заедница, па време е да позборуваме за правилата во ова семејство. Да не се расправаме непотребно, имам само три правила“ – изјавил сопругот.

„Прво правило: Секој четврток јас ќе играм фудбал со другарите. Дожд, снег, невреме, не е важно што е, јас одам на фудбал. Јасно?“ – продолжил.

„Јасно“ – одговорила неговата сопруга.

„Добро. Второ правило: Секој петок со пријателите одам во бар. Во ред?“ – го изјавил своето второ правило.

„Да, секако.“ – одговорила таа.

„И третото правило: Лошо време, земјотрес, роденден на твојата мајка – без разлика на тоа што се случува – јас секоја сабота одам на риболов. Дали е тоа јасно?“ – го изјавил и третото правило.

„Јасно“ – одговорила сопругата.

„Само тоа? Немаш нешто повеќе да кажеш? Можеби имаш некој приговор? Или можеби имаш свои правила?“ – се зачудил сопругот.

„Сè е во ред. Што се однесува до правила – имам само едно. Секоја вечер во 10 часот јас имам секс. Дали мојот сопруг е дома или не, мене ми е апсолутно сеедно, мене ми е време за секс.“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неверојатен уличен уметник слика лажни сенки да ги збуни пешаците и навистина ќе се поигра со вашиот ум

Отишла плавуша заедно со нејзиниот брат да се запише на Полициска академија