во ,

Жена спасила маче со ретка состојба (витилиго) кое секојдневно го менува изгледот и се претворило во снегулка

Мачките се суштества создадени за сакање и бескрајно галење. Ова е прекрасна приказна за две мали мачиња кои нашле дом кај девојката од Германија по име Никол.

Таа одамна имала желба да чува маче, а кога посетила една фарма, забележала две малечки, за кои била сигурна дека ако не ги земе со себе, нема да преживеат уште долго. Мачињата ги добиле имињата Ели и Рози, а според Никол, и двете имаат прекрасен карактер и мазно и сјајно крзно со црна и бела боја.

Девојката веднаш забележала дека Ели е поинаква од другите мачки, дека се приврзува и дека има карактер сличен како на куче, а не како мачка. По неколку месеци, Никол видела и дека на крзното на Ели се појавил бел прамен.

Прво мислела дека е случајност, но белите точки почнале да се појавуваат на повеќе места. Никол се исплашила и ја однела Ели на ветеринар.

Таму е откриено дека Ели има витилиго на крзното, што е исклучително ретко кај животните. Истата состојба ја има и кај луѓето и е застапена со 2% во целата популација, а кај животните генерално е уште поретка.

За среќа, оваа состојба се манифестира само со промена на бојата и не наштетува на физичкото здравје, а мачето Ели воопшто не ни личи на она што било кога Никол го вдомила.

Секој ден изгледа различно и тоа ја прави уште поубава и поуникатна меѓу сите останати мачки.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10+ Ситуации кои не вадат од памет за помалку од 1 секунда

14 причини зошто не треба да ѝ дозволувате на вашата девојка да се слика со Џејсон Момоа