во , ,

Ова се гледа еднаш во животот: На крајбрежјето на Финска забележан бизарен природен феномен

Фотографиите од овалните ледени формации кои настанале по пат на случајност на островот Хаилуото на север од Финска, ги изненадиле корисниците на социјалните мрежи и многу брзо станале вирални.

Фотографиите од смрзнатите “јајца“ со различни големини ги направил жител на Оулуа и аматерски фотограф Рист Матила во текот на прошетка по плажата Марјаниеми.

Според неговите зборови, првпат се сретнал со оваа необична појава иако 25 години живее во близина на морето.

„Мојата сопруга и јас стоевме таму восхитувајќи се на неверојатниот природен феномен. Бидејќи имав камера со себе, одлучив да го засведочам овој феномен“ – изјавил Матила за националната телевизија “Ile“.

https://www.instagram.com/p/B4aavFaAmjW/?utm_source=ig_embed

Ништо неприродно

Јоуни Ваинио од финскиот Метеоролошки завод објаснил дека “смрзнатите јајца“ иако се навистина ретки, имаат научно објаснување.

За да се појават, потребно им е ретко видена комбинација на воздухот и водни услови кои се блиску до смрзнување.

https://www.instagram.com/p/B4ctzaQAkPq/?utm_source=ig_embed

“Јајцата“ се формираат околу ситните честички кои се вртат во ладното струење како снегулки со што мразот полека “расте“ околу нив.

Притоа, за овој процес клучно е да има точно одредена количина на ветер.

„Премногу ветер ќе спречи формирање на “јајца“. Од друга страна пак доколку има премалку ветер водата само би замрзнала на плажата во рамномерен слој“ – објаснил Ваинио.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мајнкрафт преживување со Лара и Марко (Епизода 3)

Овој германски овчар и оваа ласица се преслатки и неразделни пријатели