во ,

А бе, волчо, ти – сив, јак, крвожеден, лиса – нежна, портокалова, грациозна… од каде на каде излезе тоа прасе бе!?

Се оженил волкот со лисицата и им се родило прасенце. Отишол гордиот татко да чести во шумската кафана, па животните кога ги поднапиле малку главите, добиле храброст и почнале да го зафркаваат.

– А бе, волчо, ти – сив, јак, крвожеден, лиса – нежна, портокалова, грациозна… од каде на каде излезе тоа прасе бе!?

Волкот размислил малку и збеснал, скокнал и истрчал надвор, дошол дома, со еден шут ја разбил вратата на куќата и ѝ вели на лисицата:

– Ти мори, портокалова ку*во, како така да ни се роди свиња ма!?

Лисицата ги ставила рацете на половината, го изгледала мажот си од горе до долу и започнала смирено:

– Како прво и прво, не сум портокалова, туку темен махагон. Второ и второ, не сум ку*ва, туку јавна личност и трето, кога секоја вечер ми се враќаш пијан како свиња, тигарче ли
сакаш да ти родам?!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Комикси од поредицата „Себични свињи“ ги покажуваат досадните и вознемирувачки работи што ги прават луѓето

Австралиското „самовилско“ езеро ги привлекува туристите со својата тиркизна вода