Кршењето со јајца ни е најомилената велигденска традиција. Вишокот скршени јајца најчесто ги употребуваме во Мимоза салата. Но, постојат и многу други вкусни рецепти со варени јајца кои вреди да ги испробате.
Подгответе вкусна салата со млади компирчиња и неодолив прелив со варени јајца, сенф и бел вински оцет:
Потребни состојки:
- ½ kg млади компири исечкани на резанки
- Маслиново масло
- Сол, црн бибер (по вкус)
- 1 шолја рендан пармезан
Преливот всушност содржи варени јајца, познат уште како Gribiche Dressing.
За преливот ќе ви бидат потребни:
- 3 тврдо варени јајца, сечкани на коцки
- 6 мали корнишони, исечкани на парчиња
- 1/3 шолја маслиново масло
- 2 лажици бел вински оцет
- 1 лажица исцедени и ситно сечкани капери (по желба)
- 1 лажица сенф
- Сечкан свеж магдонос
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220°С. Ставете ги исечканите компири во тавче врз хартија за печење и пропрскајте ги со малку маслиново масло. Ставете сол и бибер по вкус и печете ги 20-25 минути додека не заруменат.
- Откако ќе ги извадите од рерната, посипете ги со ренданиот пармезан. Вратете ги повторно во рерната околу 1 минутка додека пармезанот не се растопи и извадете ги повторно.
- Во подлабок сад измешајте ги сите состојки за преливот, вклучувајќи ги нормално и тврдоварените јајца. Измешајте ги со компирите и додадете свеж магдонос по желба. Уживајте во овој интерес вкус.
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден