во , ,

Авион се заглавил под мост, на никого не му е јасно како се случило тоа

Несекојдневниот инцидент од Индија го шокирал светот, а компанијата “Air India” била принудена да се правда со тврдењето дека леталото повеќе не е во употреба.

Интернетот го преплавиле нереални сцени од патнички авион на компанијата “Air India” кој некако влегол под надвозник во престолнината Њу Делхи.

Како што пишува “BBC”, станува збор за отпишано летало кое компанијата го продала, па така со влечно возило бил возен по градските улици. Меѓутоа, некој очигледно лошо ја проценил висината на авионот. На видео-снимката, која се проширила на социјалните мрежи, исто така се гледа како на леталото му се отстранети крилата, што е стандардна процедура кога станува збор збор за транспорт на “отпишани” авиони.

Новинарот Ашок Рај, специјализиран за авијација и воздушен транспорт, прв ја објавил видео-снимката на Твитер и ја споделил реакцијата на компанијата.

“Ова е нерегистриран, отпишан авион на “Air India”, кој е продаден. Транспортиран е до новиот сопственик. “Air India” нема никаква врска со овој настан”, објасниле од компанијата.

Службениците на аеродромот во Њу Делхи за тамошните медиуми рекле дека леталото сигурно не припаѓа на флота која може да се види на тој аеродром, и дека најверојатно станува збор за грешка на возачот кон управувал со камионот.

Видеото досега провлекло огромно внимание, а сите се прашуваат како таков инцидент е воопшто возможен.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Цртежите на боксерскиот великан Мухамед Али продадени за речиси 1 милион долари

16 Евтини тетоважи кои после скапо ќе ве чинат