Последните тестирања во прилепските градинки покажуваат дека секое второ дете на возраст од 4 до 6 години се соочува со проблеми во говорот и има потреба од логопедска поддршка. Овие податоци се загрижувачки, вели логопедот Даниела Пајмакоска Момироска од градинките „Наша иднина“ во Прилеп, која е една од само двајцата логопеди кои работат со децата во овој град.
„Од 500 тестирани деца, секое второ има проблеми со изговорот, а зголемен е и бројот на деца кои воопшто не зборуваат,“ објаснува Пајмакоска Момироска. Најчесто забележани проблеми се полиморфната дислалија – тешкотии со изговор на гласовите Р, Л, и парасигматизмот, каде што Ш и Ж се заменуваат со С и З. Но, таа истакнува дека е особено загрижувачко тоа што се појавуваат случаи на целосно отсуство на говор или алалија, што бара итна логопедска интервенција.
Влијание на технологијата и недостиг на комуникација
Пајмакоска Момироска посочува дека екранизацијата – преголемата изложеност на екрани од рана возраст – е една од главните причини за овие проблеми. „Секојдневната комуникација меѓу родител и дете се намалува, а токму таа е клучна за правилен развој на говорот. Затоа, препорачувам родителите да комуницираат со своите деца: да зборуваат со нив, да им поставуваат прашања, да ги слушаат и да бидат упорни, дури и кога децата не сакаат да зборуваат.“
Проблемот со говорот не треба да биде табу
Габриела Стефаноска, мајка на петгодишно дете, ја нагласува важноста на раната логопедска интервенција и поттикнува другите родители да ги преземат потребните чекори. „Моето дете има проблеми со изговорот на неколку согласки и редовно посетува логопед. Сакаме да ги надминеме овие потешкотии за да не биде подложно на потсмев или булинг. Во групата на моето дете, од 35 деца, 30 посетуваат логопед,“ споделува Стефаноска.
Проблемите со говорот кај најмладите се во пораст, и логопедите апелираат за зголемена поддршка, отворена комуникација и проактивен пристап од страна на родителите и заедницата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден