во ,

Ало шефе, најдовме еден мајмун на Партизанска. Што да го правиме?

Двајца полицајци си патролираат низ Скопје и кога наеднаш гледаат еден мајмун на улица. Запираат, го качуваат и му ѕвонат на началникот:

– Ало шефе, најдовме еден мајмун на Партизанска. Што да го правиме?

– Како што бе?! Одведете го во зоолошката градина.

– Добро шефе.

Следниот ден пак истиот полицаец му ѕвони на шефот:

– Шефе, мајмунот што да го правиме?

– А бе многу сте глупи! Поради вас ни измислуваат вицови! Нели ви реков да го одведете во зоолошката градина!

– Е добро, шефе, како што ќе кажеш.

Третиот ден пак полицаецот му ѕвони на шефот:

– А бе шефе, овој мајмунот што да го правиме?

– Вие малоумни ли сте!!! Водете го во зоолошката веднаш!

– Ама шефе, два дена го водиме во зоолошката, може ли денес на кино?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како изгледа човекот кој сам си се прогласи за најстилски маж во Африка?

18 Фотографии што покажуваат колку е неверојатен светот околу нас